Производителите на смартфони пробуваат да ги „елиминираат“ селфи камерите, криејќи ги под екранот или со механизмот за ротирање на задната камера, а Oppo размислува за поинаков метод.

Oppo патентираше заменлив модул на камерите за смартфони, а тоа значи дека корисникот може да ја одвои камерата од задната страна на уредот и потоа лесно да направи селфи.

Дизајнот прикажува две камери, како и опции на поврзување како што се USB-C, NFC, WiFi и Bluetooth. Модулот би го напојувал литиум-јонска батерија, а овој механизам би можел да овозможи унапредување на камерите со замена на модулот, а не на целиот уред.

Со оглед на фактот дека се работи за патент, нема гаранции дека ваква камера ќе се појави како дел од некој уред. Oppo ја отфрли pop-up камерата на моделот Find X и за X2 Pro ја избра конвенционалната конфигурација.