Употребата на паметни телефони забележа пораст во текот на третиот квартал (јули-септември) во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период, преземањето на апликациите се зголеми уште повеќе.

Google Play забележа 28,3 милијарди преземања на апликации во текот на третиот квартал од оваа година. Тоа претставува зголемување од 31% во однос на минатата година и му дава на Google предност од 3:1 во однос на App Store на Apple, што забележа 8,2 милијарди преземања на апликации во истиот период.

Од почетокот на годинава, преземени се 80,6 милијарди апликации од Google Play Store, додека App Store забележа вкупно 26,6 милијарди преземања во текот на трите квартали од оваа година.

Според истиот извештај, Play Store може да се пофали со најголемо портфолио од вкупно 2,7 милиони апликации, додека App Store нуди 1,82 милиони апликации.

Најмногу преземената категорија на Play Store припаѓа на гејмерскиот сектор (13,49%), а потоа следуваат едукативни апликации (9,11%) и деловни апликации со 6,95 проценти од преземањата.