Бројни аналитичари за видеоигри, претежно од Јапонија (но и од Русија), добија можност да го испробаат Sony PlayStation 5.

Sony исто така им дозволи на новинарите да испробаат некои игри што ќе излезат како PS5 ексклузиви, што даде многу несекојдневен увид во уредот, како и некои технички детали што не ги знаевме до сега.

Она што позитивно изненади и израдува многумина беше тивкото ладење што не се слуша дури и за време на стартувањето на „потешките“ игри. За потсетување, PS5 има таков изглед и големина токму поради ладењето.

Од друга страна, беше откриено дека на играчите нема да им биде достапен целиот простор од 825 GB на SSD (solid-state drive). Наместо 825 GB, играчите ќе имаат на располагање околу 664 GB простор за складирање на игри, додека остатокот е резервиран за системот.

Една фотографијата се појави на форумот ResetEra и сè уште немаме официјална потврда за оваа информација, но кога ќе земете во предвид дека игрите зафаќаат сѐ повеќе и повеќе простор, 665 GB е загрижувачки малку простор.

Веќе знаеме дека Spider-Man: Miles Morales ќе заземе 105 GB простор, Demon’s Souls Remake околу 60 GB, што е показател дека гејмерите ќе мораат често да ги реинсталираат игрите.

PS5 излегува во ноември со цена од 500 долари за стандардното издание, и 400 американски долари за дигиталното издание, и ако им се верува на овие информации, ќе треба да се инвестираат повеќе пари за проширување на просторот.

Извор: B92.net