Една недела откако MIUI 12 интерфејсот, заснован на Androidu 11 почна да се испорачува во Азија, Xiaomi сега почна да ја шири достапноста на ажурирањето и на Poco F2 Pro за пазарите во Европа.

Build со ознаката 12.2.1.0 RJKEUXM е со големина од 2.9GB, а со себе донесува функции карактеристични за Android 11, но додава и некои новитети преку MIUI 12 интерфејсот. Со ажурирањето пристигнува и сигурносната закрпа за октомври.

Покрај ова, објавено е дека се приближува објавата на Android 11 ажурирањето за Poco X3 NFC моделите, а ова се сугерира врз основа на неодамна протечените Geekbench и Google Play Console листинзи,

Еден модел на Geekbench е забележан со Android 11, а бидејќи X3 NFC е европска верзија на телефонот, се очекува дека ова ќе биде првиот регион што ќе ја добие надградбата на софтверот.