Најновиот Qualcomm Snapdragon 888 чипсет претставува подобрување во однос на SD865 во секоја категорија. Меѓутоа, Qualcomm на некои области посебно се фокусира, а тоа може да се види во првиот бран на промотивни видео клипови.

Најпрвин, тука е гејмингот. Adreno 660 GPU е за 35% побрз од неговиот претходник во старт, но може да добие дополнителни 30 проценти подобрување со модерни функции како што е Variable Rate Shading.

Чипсетот рендерира HDR графика, нуди пониски времиња на одзив на допир, а тука се и поодбрувањата на звукот во текот на мечевите. Објавено е видео кое покажува за кои игри чипсетот донесува графички подобрувања.

Хардверот на Qualcomm овозможува малите сензори и леќи на камерата да креираат исклучителни фотографии. Иако не претставува производител на сензори и објективи, Qualcomm во текот на технолошкиот самит се окарактеризира како „камера компанија“.

Чипсетот е прв Snapdragon со троен ISP, Spectra 580. Ова овозможува 4K/120 fps снимање и репродукција на видеа, како и burst од 120 снимки во секунда. Чипот нуди креирање на фотографии во 10-bit HEIF и има нова архитектура за фотографирање во услови на слабо осветлување.

Покрај наведеното, AI акцелераторите помагаат кај подобрување на квалитетот на фотографиите и овозможуваат различни ефекти. Тука е и Sensing Hub, кој детектира различни елементи (движењето што го правиме кога го подигнуваме телефонот, плач на детето и друго).

Snapdragon 888 имплементира нов X60 5G модем, кој нуди големи интернет брзини и низок лаг. Локалната конекција е исто така врва, благодарение на FastConnect 6900 систем.

На крајот, тука е и ниската латенција за безжични слушалки. Новиот чипсет поддржува aptX Adaptive и TrueWireless, како и Aqstic кој го контролира звукот што доаѓа од звучникот на телефонот.