Се сугерираше дека Qualcomm би можел да го објави чипсетот Snapdragon 8 Gen 1+ во мај, но сега познат дојавувач истакнува дека тоа нема да се случи.
Според Digital Chat Station, што е главно прецизен кога станува збор за гласини од овој тип, платформата Snapdragon 8 Gen 1+ најверојатно ќе се види во втората половина од годината. Причината е моменталната состојба со пандемијата на коронавирус во Кина.
Се наведува и дека Lenovo и Qualcomm имаат добра соработка, што укажува дека првиот телефон со новиот чипсет би можел да биде Motorola Edge 30 Ultra. Знаеме дека Edge 30 Pro беше првиот телефон што го користеше чипсетот Snapdragon 8 Gen 1.
Името Snapdragon 8 Gen 1+ сè уште е предлог, а чипот се очекува да добие подобрен графички процесор, додека процесорот ќе остане ист како кај актуелниот модел. Ќе има едно моќно Cortex-X2 јадро, три Cortex-A710 за перформанси и четири ефикасни Cortex-A510 јадра.