Официјално е потврдено кога ќе се одржи самитот Snapdragon, за време на кој ќе биде претставен новиот врвен чипсет Snapdragon.
Qualcomm официјално потврди дека Snapdragon Summit ќе се одржи од 23 до 25 септември оваа година, на Хаваи.
За време на овој настан, во минатото секогаш беше претставуван најмоќниот процесор на Qualcomm за идните телефони, а истото се очекува и оваа година. Qualcomm сега ќе го претстави Snapdragon 8 Elite 2.
Се шпекулира дека Snapdragon 8 Elite 2 ќе донесе значителни подобрувања во однос на своите претходници. Се очекуваат подобрувања во перформансите и ефикасноста на чипот, кој е создаден со 3-нанометарскиот процес на компанијата TSMC.
Чипсетот користи втора генерација на прилагодени јадра на Oryon, а го имплементира и помоќниот Adreno 840 GPU.
Се очекува Qualcomm Snapdragon 8 Elite 2 да се најде на првите телефони веќе во октомври оваа година, а меѓу нив се Xiaomi 16, OnePlus 15 и Realme GT8 Pro.