Razer им понуди на корисниците на iPhone кои сакаат да играат игри на нивните уреди вентилатор за ладење кој треба да спречи прегревање на уредот.

Станува збор за MagSafe вентилатор, кој е компатибилен со iPhone 12 и iPhone 13. Овој уред работи тивко и бучавата не надминува 30 dB, а се состои од седум „пропелери“ и RGB осветлување. За работа е потребно спојување со USB-C полнач.

Вентилаторот припаѓа на серијата вентилатори Phone Cooler Chrome и чини 60 долари. Другите модели се компатибилни со уредите кои користат iOS и Android.

Во Razer очигледно веруваат дека тоа ќе спречи прегревање на модерните уреди кои се загреваат при оптоварување, а еднп од тие оптоварувања е играњето игри како PUBG.