Во текот на својот настан, кој беше наменет за објава на Realme GT 5G телефонот за Европа и другите глобални пазари, компанијата најави уште два претстојни производи. Се работи за Realme Book и Realme Pad, а во прашање се првиот лаптоп и таблет на компанијата.
Realme не објави премногу детали за двата уреда, но прикажан е прототип на лаптопот, а официјално лице на компанијата истакна дека уредот ќе биде дизајниран за фановите. Рендерот на уредот го покажува профилот на лаптопот, со два USB-C конектори.
Објавен е и тизер за Realme Pad, а таблетот ќе има рамни рабови и нешто поиспакнат модул за камерата. Повеќе детали за овој уред се очлекува во следниот период.