Xu Qi Chase, потпретседател на компанијата Realme претходно објави фотографија со јапонскиот дизајнер Наото Фукасава за да најави ново претставување на телефон. Ништо не е објавено за уредот, но сега дојавувачот Digital Chat Station откри некои информации.
Дојавувачот сугерира дека новиот Realme телефон ќе биде GT 5G Master Edition, кој би требало да го дизајнира токму Фукасава, како и претходните Realme Master Edition телефони.
Не е познато што ќе биде инспирација за дизајнот на GT 5G Master Edition. Првиот Master Edition телефон на компанијата беше специјална едиција на Realme X моделот, објавен во 2019. година во две варијанти – Garlic и Onion.
Истата година, Realme го претстави X2 Pro Master Edition во Red Brick и Concrete варијанти, по што следуваше X50 5G Master Edition, кој беше инспириран од линиите и круговите.
Можно е дека Realme GT 5G Master Edition ќе ги задржи спецификациите на стандардниот GT 5G модел, што значи дека ќе има Snapdragon 888 чип, 6.43-инчен 120Hz FullHD+ Super AMOLED екран, сензор за отпечатоци од прсти под дисплејот, три камери на задната страна со 64MP главен сензор и 4500mAh батерија со поддршка за 65W полнење.