Во моментот кога го претстави својот нов мобилен уред, GT Neo 3, Realme ги објави и своите нови безжични слушалки – Buds Air 3. Овие слушалки со активно поништување на вревата (ANC) доаѓаат со интересен дизајн и спецификации.
Дизајнот на слушалкиет е направен целосно да одговара на дизајнот на Realme GT Neo 3 смартфонот. Има три различни бои – Le Mans сина, „ѕвездено небо“ сина и „стример“ бела. Кај Le Mans моделот, присутни се исти две тркачки линии како кај Le Mans моделот Realme GT Neo 3, така што тие совршено се вклопуваат со овој телефон.
Овие безжични слушалки имаат in-ear дизајн, како и IPX5 сертификат за отпорност на вода. Помеѓу другите функционалности, постои и систем „deep-sea“ систем со петостепена технологија за редукција на бучавата од 42 dB. Во теорија, ова би требало да овозможи многу добро намалување на вревата во нормални околности.
Од останатите спецификации, тука е хибридниот режим за активно намалување на вревата, како и режим на „транспарентност“ кој му овозможува на корисникот да слушне што се случува околу него. Овие слушалки се поврзуваат со мобилен телефон преку Bluetooth 5.2 безжична конекција.
Што се однесува до цената, таа ќе изнесува под 60 евра, додека овие слушалки мометно се на попуст за 50 евра. Значи, коректна цена за она што се нуди на хартија, со модерен и привлечен дизајн.