Realme во септември минатата година ги претстави Realme 7 и Realme 7 Pro моделите, а компанијата планира нивните наследници да ги објави веќе кон крајот на март. Realme 8 и 8 Pro ќе бидат официјализирани на 24. март, за глобалниот пазар.

Поканата за презентацијата ја вклучува и 108MP Infinity камера, која ќе го краси Realme 8 Pro, додека стандардниот Realme 8 модел ќе има 64MP главна камера.

Засега не е познато колку опции на бои ќе имаат Realme 8 и 8 Pro. Realme во поканата истакнува дека задната страна на барем едниот модел ќе биде специјална и „поинаква во темнина“.

Гласините од претходно сугерираат дека двата телефона од новата серија ќе имаат четири камери на задната страна. На почетокот на овој месец, Мадхав Шет од Realmi ги објави дизајнот и спецификациите на стандардниот модел. Realme 8 ќе има Helio G95, чипсет, AMOLED екран и 5000mAh батерија со поддршка за полнење од 30W.

Можно е Realme во следните денови да ги потврди деталите за претстојните Realme 8 и 8 Pro модели.