Realme го претстави својот премиум телефон Snapdragon 888 чип, а во прашање е Realme GT 5G.
Смартфонот има 6,43 инчен Super AMOLED панел со Full HD+ резолуција. Екранот поддржува 120Hz брзина на освежување и 360Hz touch sampling стапка со пет различни подесувања.
Со Snapdragon 888 чипот, доаѓа и 8GB или 12GB LPDDR5 RAM меморија, заедно со 128GB или 256GB UFS 3.1 простор за складирање. Нема слот за microSD картички, но има простор за две nano-SIM картички.
На задната страна има три камери: 64MP главна, 8MP ултраширокa и 2MP макро. Селфи камерата од 16MP се наоѓа во punch-hole отворот во горниот лев агол на екранот.
Батеријата со капацитет од 4500mAh, има поддршка за 65W брзо полнење, но нема поддршка за безжично полнење. Телефонот има Bluetooth 5.2, Wi-Fi стандарди до 6e, Dolby Atmos звук и стерео звучници.
Realme GT 5G го користи Realme UI 2.0 интерфејсот, заснован на Android 11 и го има најновиот HyperBoost 4.0 за алоцирање на што е можно повеќе ресурси на гејминг, кога тоа е потребно.
Уредот пристигнува во Galactic Silver, Deep Sea Blue и Dawn Yellow варијанти на бои. Првите две варијанти пристигнуваат со 8GB RAM и 128GB складирање, по цена од околу 430 долари. Dawn Yellow варијантата, која има задна страна со завршница налик на кожа, ќе биде достапна во верзија со 12GB RAM и 256GB простор за складирање, по цена од околу 510 долари.
Realme GT 5G е достапен во Кина, но засега нема информации за тоа кога телефонот може да биде објавен за глобалниот пазар.