Realme Narzo 30 5G смартфонот пристигна на европскиот пазар

Се работи за прв паметен телефон од Narzo серијата кој се појави во Европа. Сепак, Narzo 30 5G е воглавно идентичен на моделот Realme 8 5G, а единствената разлика се опциите за меморија и новиот дизајн на задниот панел.

Смартфонот пристигнува со 6,5-инчен LCD екран со Full HD+ резолуција и фреквенција на освежување од 90Hz. Го покренува Dimensity 700 процесор комбиниран со 4GB RAM и 128GB интерна меморија.

Одзади има три камери од кои значајно е употреблива главната од 48MP. Преостанатите две камери од 2MP незначително придонесуваат за фотографиите. Однапред е сместена селфи камера од 16MP.

Narzo 30 5G се нуди во Racing сина и Racing сребрена боја.

Го напојува батерија од 5.000 mAh, а странично е поставен сензор за отпечатоци од прсти. уредот го користи оперативниот систем Android 11.

Телефонот е достапен само како модел со 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија и чини 189 евра.