Се очекува дека Realme Q2 ќе пристигне во текот на овој месец, а сега официјален претставник на компанијата објави официјален тизер од телефонот. Изгледа дека Realme Q2 на задната страна има панел од кожа во светло сиво боја, заедно со „Dare To Leap“ вграден во текстурата. Тука е и системот со четири камери во горниот десен агол, со 48MP главен сензор.

Уште една карактеристика што може да се забележи од овие официјални рендери е стандардното копче за вклучување од десната страна (копчињата за звук се од левата страна на рамката). Тоа значи дека телефонот најверојатно ќе има сензор за отпечаток од прсти под панелот, што значи дека екранот е OLED.

Популарниот дојавувач Digital Chat Station очекува дека ќе бидат претставени два телефона – Realme Q2 и Realme Q2 Pro. Тој споменува и некои главни карактеристики, кои вклучуваат Dimensity 800U чипсет, 120Hz LCD/60HZ OLED панел и поддршка за 65W брзо полнење.