Во текот на неодамнешниот IFA настан, Realme потврди дека Realme X7 серијата телефони ќе биде претставена на глобалниот пазар во текот на четвртиот квартал оваа година.

Иако не е одреден конкретниот датум на објава, дојавувачот @stufflistings сугерира дека X7 серијата најваеројатно ќе биде претставена во декември.

Моментно, Realme X7 серијата ја сочинуваат два различни модела: стандардниот Realme X7 и Realme X7 Pro од повисокиот сегмент. Pro моделот привлекува повеќе внимание, бидејќи се смета за еден од најдобрите смартфони на пазарот, во однос на цената по која се нуди.

Да потсетиме, Realme X7 Pro има 6,55-инчен FHD+ AMOLED дисплеј со 120Hz освежување, MediaTek Dimensity 1000+ чипсет, до 8GB RAM, до 256GB простор за складирање и 4500mAh батерија. Тука се четири камери на задната страна, со главен сензор од 64MP и селфи камера од 32MP.