Во текот на претходните неколку недели имавме голем број информации за плановите за објава на Realme GT серијата на глобалниот пазар. Меѓутоа, покрај Realme GT серијата, кинеската компанија наводно подготвува и целосно нова Realme X9 серија.

Според наводите на дојавувачите, се очкува дека компанијата ќе ги објави Realme X9 и Realme X9 Pro на кинескиот пазар, во текот на јули. Овие телефони очигледно ќе ги наследат минатогодишните Realme X7 (на фотографијата) и X7 Pro моделите.

Дојавувачот сугерира и дека Realme X9 и X9 Pro ќе ги покренуваат Qualcomm Snapdragon 778G и Snapdragon 870 чиповите. Покрај тоа, Realme X9 Pro би требалод а има закривен панел со стапка на освежување од 120Hz.

Кога е во прашање цената, се очекува дека Realme X9 ќе чини помеѓу 315 и 400 долари на пазарот на Кина, додека за X9 Pro се очекува цена помеѓу 390 и 470 долари.