Компанијата Realme во септември го претстави смартфонот X7 Pro, а сега прилично тивко стигна и Ultra, односно Extreme Edition модел.
Иако е логично да се очекуваат подобри спецификации во споредба со Pro моделот, Ultra ги има, но и некои недостатоци. На пример, X7 Pro има FullHD+ рамен AMOLED екран со брзина на освежување од 120Hz, додека Ultra има екран со закривени рабови и брзина на освежување од 90Hz.
Бројот на задни камери е помал, X7 Pro ги има четири, Ultra три, но она што се промени во пракса е дека Realme го отфрли само сензорот за длабочина од 2MP и ја задржа главната камера од 64, ултрашироката од 8 и макро камерата од 2 MP.
Од друга страна, Realme X7 Pro Ultra го користи Realme UI 2.0 корисничкиот интерфејс базиран на Android 11, додека X7 Pro е „заглавен“ на Realme UI 1.0 базиран на Android 10. Исто така, Ultra има 12GB RAM и 256GB внатрешна меморија, но има и верзија со 8GB RAM и 128GB интерна меморија. Верзиите со 6GB/128GB и 8GB/256GB конфигурации во случај на Ultra моделот не се достапни, додека Pro ги има.
Иако го напојува истата батерија од 4.500 mAh, која поддржува 65W полнење, Ulta моделот е потенок (7,8 мм и полесен – 170 грама) од моделот Pro. Натписот „Dare To Leap” на задниот панел и помал и се наоѓа под камера модулот, додека логото на Realme е на спротивната страна.
Двата уреда користат Dimensity 1000+ процесор, селфи камера од 32GB, а имаат и сензор за отпечатоци вграден во екранот. Исто така, има USB-C проток, стерео звучници, Dolby Atmos, VC течно ладење, NFC и 5G поддршка.
Realme X7 PRo Ultra е достапен во две бои, верзијата со 8GB RAM и 128GB внатрешна меморија чини 310 евра, додека верзијата со 12GB RAM и 256GB внатрешна меморија потребно е да се издвојат 350 евра.
Смартфонот засега е достапен само во Кина, а дали ќе стигне до другите пазари сè уште не е познато.