Минатиот месец, компанијата Realme го објави својот AIoT бренд – Dizo. Споменатиот бренд ќе се фокусира на паметни домашни гаџети, додатоци и опрема, производи за забава и многу повеќе. Првите производи во рамките на брендот Dizo се очекуваат од 1 јули.

Засега нема информации за тоа што ќе биде прикажано за време на презентацијата на кинеската компанија, но малопродажниот синџир Shopee веќе со неколку недели ги навестува Dizo GoPods, GoPods D и Dizo Watch (ова веројатно ќе бидат ребрендираните Realme Buds Air 2, Buds Q2 и Watch 2, со прилагодени измени на дизајнот).

Протечените информации укажува и на тоа дека брендот планира да објави и Bluetooth звучник и вакуум робот, па дури и неколку класични мобилни телефони.

Според она што може да се заклучи од објавите на социјалните мрежи, Dizo брендот своето постоење на пазарот веројатно ќе го почне со TWS слушалки, додека дополнителни гаџети ќе бидат објавувани подоцна.