Ванг Тенг Томас, директор на производите на Redmi брендот, на страниците на Weibo најави новиот телефон ќе биде објавен во текот на април.

Во одговор на коментарот на еден корисник дека во текот на април нема да видиме нови телефони на Xiaomi, Томас одговори: „Кој го вели тоа?“. Ова индиректно сугерира дека овој месец се очекува нов Xiaomi/Redmi смартфон.

Гласините споменуваат дека Redmi би можел да претстави гејминг уред кој користи Dimensity 1200 чипсет. Вчера, дојавувачот Digital Chat Station откри дека претстојниот Redmi гејминг телефон го носи кодното име Ares. Телефонот може да има четири камери, предводени од 64MP Sony IMX686 главниот сензор.

За MediaTek Dimensity 1200 чипсетот се тврди дека нуди перформанси слични на оние што ги овозможува Snapdragon 870 и постои можност и Redmi гејминг телефонот на некои пазари да се појави во рамките на Poco F серијата.