По неколку тизери, Xiaomi официјално потврди дека претстојниот Redmi 9 Power телефон ќе биде претставен на 17. декември.

И покрај новото име, Redmi 9 Power практично е ребрендиран Redmi Note 9 4G, кој минатиот месец е објавен во Кина и ги дели истите спецификации со тој модел.

Redmi 9 Power ќе има 6,53-инчен FHD+ LCD дисплеј, со засек во предниот панел. Ќе го покренува осмојадрениот Snapdragon 662 чипсет, во комбинација со 8GB RAM и 256GB простор за складирање податоци (проширлив преку слот за microSD картичка).

За фотографирање тука е системот со три камери на задната страна, што го сочинуваат 48MP главната камера, 8MP ултраширок сензор и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна се ноаѓа 8MP селфи камера.

Уредот ќе го напојува 6000mAh батерија, со поддршка за 18W брзо полнење. Покрај тоа, тука се и 3,5 мм приклучок, сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката и стерео звучници.