Се очекува дека Redmi Note 9T ќе биде името на претстојниот смартфон на Xiaomi, за кој порано се веруваше дека се работи за Redmi Note 10, велат најновите извештаи. Се очекува дека кинеската компанија ќе лансира повеќе паметни телефони во Redmi Note 9 серијата, со малку достапни информации за Redmi Note 10. Сега типстер потврди дека глобалната варијанта на Redmi Note 10 може да стигне со број на модел M2007J22G и дека на крајот ќе се нарекува Redmi Note 9T.

Познатиот типстер Мукул Шарма дојави дека наводната американска FCC листа на Xiaomi телефони со број на модел M2007J22G, за која се верува дека е Redmi Note 10, може да се појави и како Redmi Note 9T. Се очекува дека овој телефон ќе има 5G поддршка и NFC. FCC листата покажува дека овој телефон ќе има и двопојасен Wi-Fi. Претходните извештаи сугерираа дека Redmi Note 10 ќе биде 4G теелфон, но изгледа дека глобалната варијанта би можела да има 5G поддршка.

Во Redmi Note 9 серијата постојат три телефони – Redmi Note 9, Redmi Note 9 Pro и Redmi Note 9 Pro Max. Изгледа дека ќе има и дополнителни Redmi Note 9 5G, Redmi Note 9 Pro 5G и Redmi Note 9T уреди.

Redmi Note 9 5G серијата треба да биде лансирана во Кина веќе на 24. ноември.