Samsung планира два нови Galaxy Book Pro лаптопи, а во прашање се моделите Galaxy Book Pro и Galaxy Book Pro 360.
Според информациите на сајтот SamMobile, лаптопите користат Windows софтвер, имаат Core i5 или Core i7 процесори и опции на дисплеи од 13,3 и 15,6 инчи. Некои, или можеби сите екрани ќе бидат OLED и ќе поддржуваат работа со S Pen пенкало.
Galaxy Book Pro ќе биде достапен во Wi-Fi и LTE варијанти, додека Galaxy Book Pro 360 покрај наведените верзии ќе има и модел со 5G поддршка.
Нема информации за достапноста или цената на претстојните лаптопи, но се очекува Samsung наскоро да ги претстави.