Серијата Galaxy S на Samsung се состои од три модели веќе неколку години. Тоа се обичниот модел, Plus и Ultra моделот. Но, дали тоа ќе се промени следната година и кои се плановите на Samsung?
Досега, обичниот модел Galaxy S вообичаено се сметаше за компактен член, верзијата Plus беше поголема со речиси исти спецификации, додека моделот Ultra беше тотално различна димензија, во секоја смисла, во споредба со другите две.
Сепак, според најновите информации кои доаѓаат од The Elec, Samsung планира да ја прекине Plus верзијата на серијата Galaxy S24 – Samsung Galaxy S24 Plus. Ова би значело дека само Galaxy S24 и Galaxy S24 Ultra ќе бидат лансирани како дел од серијата Galaxy S24 следната година.
The Elec известува дека само на проектите „DM1“ (Samsung Galaxy S24) и „DM3“ (Samsung Galaxy S24 Ultra) се работи, додека проектот „DM2“, кој всушност треба да биде Samsung Galaxy S24 Plus, недостасува.
Споменатиот портал, повикувајќи се на податоците на Gfk, наведува дека Samsung минатата година продал само 5,5 милиони примероци од моделот Galaxy S22 Plus, што е околу 17% од вкупните испораки на серијата Galaxy S22. Редовните и Ultra моделите сочинуваа 38% и 45% од испораките во 2022 година, соодветно.
Самсунг исто така размислува да го намали бројот на уреди од ниска класа. Така, јужнокорејската компанија наводно би можела да ја прекине серијата A2x, додека серијата Galaxy A1x ќе остане, исто како и сериите од средната класа A3x и A5x.
Пред извесно време се појави информација дека Samsung ја прекинува серијата Galaxy A7x. Така, наводно нема да го добиеме Samsung Galaxy A74 оваа година и изгледа дека навистина ќе биде така, со оглед на тоа што досега немаше никакви детали за овој телефон, како што се рендери, спецификации итн.
Конечно, напоменуваме дека сепак треба да ги земеме овие информации со одредена резерва бидејќи има уште многу време до претставувањето на серијата Galaxy S24.