Дали некогаш сте се запрашале зошто дури и во денешно време повеќето екрани на паметните телефони имаат тенденција да надминуваат QHD или QHD+ резолуција? 4K дисплеите се веќе вообичаени на мониторите и телевизорите, па зошто да не бидат и на смартфоните?

Според извештаите од Кореја, се чини дека Samsung Display може да работи на нова технологија на дисплеј што ќе им овозможи да креираат OLED панели со густина на пиксели од 1.000 ppi.

За да добиете некој поблизок контекст, повеќето екрани на телефоните имаат густина на пиксели од околу 400-500 ppi, како Samsung Galaxy S21 Ultra кој има густина на пиксели од околу 515 ppi. За оние што сецпомалку упатени, густината на пиксели се однесува на тоа колку пиксели ќе се сместат во екран со одредена големина, така што 1-инчен екран со 720p резолуција би имал поголема густина во споредба со 6-инчен екран со иста резолуција.

Поголемата густина обично значи дека сликите и текстот се поостри, па мораме да се запрашаме, дали е тоа битно по одредена точка? Дали човечкото око може да ја забележи разликата по одредена густина на пиксели?

Покрај изработката на екран со густина од 1000 ppi, извештајот понатаму тврди дека идната технологија на дисплеј ќе биде и околу 10 пати побрза од онаа која моментно е достапна. Можно е дека Samsung би можел да ја развива оваа технологија за VR наместо за паметните телефони, но со оглед дека оваа технологија на екран ќе се појави дури во 2024. година, уште малку ќе мораме да стрпиме за да го видиме и тоа.