Samsung во подготовка има нов Odyssey Neo G9 монитор, кој се очекува со исклучителни спецификации и HDR имплементација која ветува неверојатни нивоа на контрасти.
Со големина на екранот од 49 инчи и резолуција од 5120 x 1440p, овој закривен екран е еквивалентен на два 27-инчни 1440p монитори сместени еден покрај друг. Мониторот поддржува освежување до 240Hz, користи Samsung Quantum Dot технологија и Quantum Matrix позадинско осветлување за да овозможи максимално осветлување од 2000 нита. Одзивот изнесува 1ms GTG.
Во споредба со постоечкиот G9 Odyssey монитор, Neo моделот нуди HDR поддршка со подлабоки нивоа на контраст благодарение на Quantum Mini LED позадинското светло и повисоките нивоа на максимално осветлување. Сето ова го прави мониторот идеален за HDR гејминг со висока стапка на освежување на ултраширокиот панел.
Odyssey G9 Neo мониторот користи два DisplayPort 1.4 конектор и има HDMI 2.1 влез. Мониторот ќе се најде во продажба од 29. јули, а неговата цена не е објавена.