Активирајте се и практикувајте здрави навики со помош на паметен часовник

Пролетта е зад аголот, што значи дека градот е облеан во долгоочекуваното зеленило, а улиците повторно се преполни со луѓе по долгиот зимски сон. Пролетта честопати ни ја дава потребната енергија за да си ги промениме навиките. Независно дали пролетва планирате шетање, тренинзи или уживање, паметните телефони Samsung Galaxy S21 5G, Z Flip и Z Fold2 се одлични за сите генерации, без оглед на нивните потреби и желби.

Впечатлив дизајн и практична форма

Малкумина можат да останат рамнодушни на атрактивниот дизајн на паметниот телефон Galaxy S21 5G со Contour-Cut рамка и четирите атрактивни бои, некои корисници сакаат дизајнот на нивниот паметен телефон да биде едноставно различен. Дизајнот на паметните телефони Z Flip и Z Fold2 се потпира на популарниот концепт на телефон на преклопување. Атрактивниот дизајн, кој задржува високо ниво на функционалност ја прави оваа серија паметни телефони одличен избор за сите оние кои не сакаат да прават компромиси. Кој вели дека паметниот телефон не може да биде практичен, а сепак моќен уред кој се вклопува во секој џеб?

Забава и поврзување без граници

Природата и луѓето се секогаш интересни мотиви за фотографирање, а со доаѓањето на пролетта расте и можноста да направите одлична фотографија. Главната предност на фотографирањето со смартфон е дефинитивно неговата практичност и фактот што тој е најчесто со нас, па можеме да бидеме сигурни дека нема да ни недостасува камерата кога ни е најпотребна. Забележете ги  незаборавните моменти со камерата на вашиот паметен телефон, без разлика дали шетате во парк или ручате на отворено за време на паузата од работа. Смартфонот треба да биде естетски добро дизајниран и привлечен, но и висококвалитетен и функционален. Затоа паметните телефони на Samsung S и Z сериите се опремени со најсовремени технологии, моќни камери и големи екрани кои овозможуваат работа без грижи, непречено искуство со игри и ги прават идеални уреди за безгрижно прелистување и споделување содржини на социјалните мрежи. Инстаграм или ТикТок, не е важно, бидејќи со Samsung паметните телефони, светот на социјалните мрежи е на дофат.

Паметен часовник и телефон – совршена комбинација

Samsung направи извонредна комбинација за незаборавна пролет. Со купување на телефонот од серијата Galaxy S21 5G, Z Flip или Z Fold2 5G добивате Samsung Galaxy Active2 – 44mm во црна боја и трета година гаранција на купениот уред и одденаш, освен што имате кул моден додаток, можете во континуитет да слушате музика, тренирате, но и да ги следите вашите здравствени информации. Со голем број карактеристики на Samsung Galaxy Active2, следењето и подобрувањето на здравствените навики низ секојдневните активности никогаш не било полесно. Промоцијата трае од 22.03.2022 година до 26.04.2022 година. Повеќе информации можете да најдете на линкот https://www.samsung.com/mk/offer/rhytm-of-your-heart-promo/