Аналитичката компанија IC Insights објави извештај во кој се истакнува дека Samsung станал најголемиот снабдувач на чипови, преземајќи го првото место од Intel, во вториот квартал од 2021 година.

Продажбата на полупроводници на Samsung пораснала за 19 проценти, а поттикната е од зголемената побарувачка за DRAM и флеш меморија. Тоа резултираше со приход од 20,3 милијарди долари во вториот квартал.

Оптимистички се и проекциите кога станува збор за идните резултати на Samsung, а се очекува дека компанијата дополнително ќе ги зголеми приходите за 10 проценти во текот на третиот квартал, на 22,3 милијарди долари.

Другите производители како што се Nvidia, MediaTek и SK Hynix, забележаа зголемување на приходите за 14 и 17 и 21 проценти. Intel, TSMC, Qualcomm и Broadcomm, исто така, забележаа помал пораст (помеѓу еден и три проценти).

Интересно е дека AMD не беше позициониран во Топ 10 во текот на вториот квартал, и покрај растот на продажбата од 12 проценти. За да се пласира во Топ 10, компанијата треба да испорача полупроводници во вредност од 4,3 милијарди долари.