Кога се зборува за густината на пиксели кај телефоните, оваа карактеристика престанува да биде релевантна во одреден момент или при одредена резолуција. Ова е поради тоа што при далечина на која вообичаено го држиме смартфонот, нашите очи престануваат да ја забележуваат острината на одредени работи, како што е разликата на 720p дисплеј на 5-инчен телефон и 1080p екран на 5-инчен телефон.

Меѓутоа, ситуацијата е значително поинаква кога се во прашање виртуелната или проширена реалност, каде што дисплеите се буквално пред лицето на корисникот. Тоа се ситуации каде што разликите значајно повеќе се забележуваат, а Samsung и истражувачите од Универзитетот во Стенфорд се надеваат дека тоа ќе се промени со развиј на 10.000 DPI дисплејот.

Екранот е креиран со користење на филмови кои емитуваат светло помеѓу слоевите со отсјај, од кој еден е креиран од сребро, додека другиот користи рефлективен метал со брановидна нано структура. Карактеристиките на рефлективноста овозможуваат одредени бои да се резонираат низ пикселите, што конечно овозможува висока густина на пиксели, што нормално би се добила на телефоните или телевизорите.

Со креирање на дисплеј со така висока густина на пиксели, на компаниите би им се овозможило да произведат дисплеи за користење во VR и AR апликациите без проблеми, како и да се отстранат или намалат таканаречените „screen door“ ефекти, каде што се гледа просторот помеѓу пикселите, кога се тие поставени блиску до очите на корисникот.