Доверливиот дојавувач Ice Universe објави малку контроверзна информација дека следниот паметен часовник на Samsung би можел Tizen платформата да ја замени со Android.
Ова не е прв пат да слушнеме дека Samsung може да го користи Android Wear OS наместо Tizen – Еван Блас (@evleaks) уште во 2018 година сугерираше дека вработените во Samsung користат Wear OS часовници.
Меѓутоа, сите часовници што оттогаш пристигнаа од Samsung ја користеа Tizen платформата Tizen, а консензус е дека тие беа подобри од нивните Android-конкуренти. Ова значително ги доведува во прашање информациите на дојавувачот, бидејќи е малку веројатно дека Samsung сака да ја замени својата успешна Tizen OS платформа со Wear OS.
Можно е дека Samsung сака да ја прошири својата покриеност на пазарот, со објава на паметен часовник со Wear OS софтвер, заедно со постоечката Galaxy Watch 3 линија носечки уреди.
Последниот паметен часовник на Samsung што користеше Android, беше Gear Live од 2014. година.