Samsung објави интересно тизер видео, кое сугерира дека корисниците ќе можат да креираат прилагоден флексибилен телефон на компанијата. Не е се јасно во целост, но се чини дека ќе биде можно да се комбинираат боите на различни компоненти и да се креира флексибилен уред што е прилагоден на корисникот.

Од видеото може да се заклучи дека ќе постојат три опции кога станува збор за прилагодување на флексибилниот телефон. Се очекува дека ќе биде можно да се избере бојата за шарката, рамката, задното стакло и други елементи.

Тизерот не нуди многу информации, но слоганот на крајот („подгответе се да расклопите нешто што сте недвосмислено вие“) јасно укажува на тоа што го подготвува Samsung, и останува само да се дознаат конкретни детали.

Следниот Galaxy Unpacked на Samsung ќе се одржи на 20 октомври, па наскоро ќе дознаеме какви новини има подготвено јужнокорејската компанија овој пат.