Samsung веќе некое време нуди бета верзии на својот One UI 3.0 кориснички интерфејс, а изгледа дека компанијата сега се подготвува за официјална објава. Компанијата ја ажурираше својата официјалнта One UI страница, прикажувајќи нови функции на интерфејсот и сугерирајќи многу скора објава.

Се верува дека One UI 3.0 на уредите ќе почне да пристигнува во текот на овој месец, а најпрвин се очекува на Galaxy S20 серијата, а потоа и на Note 20 моделите. Потоа, во следните месеци се очекува на повеќе модели од високиот и среден сегмент.

Некои од функциите јасно укажуваат на тоа дека флексибилните уреди најмногу ќе профитираат од новите функции, што сугерира дека и Galaxy Z Fold 2 и Z Flip наскоро ќе добијат ажурирање.

One UI 3.0 донесува подобрувања за Quick панел, што им овозможуваат на корисниците без проблеми да се префрлаат помеѓу музика и видеата. Notification панел ќе нуди повеќе информации, прикажувајќи пораки од неколку апликации на едно место.

Новата верзија на корисничкиот интерфејс ќе го подобри корисничкото искуство на телефоните кои имаат необични големини и односи на страници (првенствено флексибилните уреди). Апликациите ќе се прилагодуваат на главниот екран кога уредот е отворен, и ќе се враќаат во стандарден формат кога телефонот ќе се склопи.

Multi-Active Window ќе им овозможи на корисниците да го поделат екранот на половина или на три дела, што ќе помогне при мултитаскинг. Ќе постојат можности за префрлање на апликациите помеѓу овие секции и менување на нивната големина.

Dual Preview и Read Cam Selfie се функции кои користат dual-screen преглед на Galaxy Fold телефоните, овозможувајќи креирање селфи со главната камера, со користење на екранот за преглед на снимките.

Dynamic Lock Screen овозможува да се добие различна фотографија на позадината секој пат кога уредот ќе се отклучи. За понапредно прилагодување, тука се функциите како креирање на подвижни позадини, прилагодување на S Pen Air командите, Pointer и друго.

Комплетниот changelog на измените што се очекуваат со One UI 3.0 софтвер е достапен ТУКА.