Според најновиот извештај кој пристигнува од Galaxy Club, корисниците на Android телефоните во Европа во иднина би требало уште побрзо да ги добиваат софтверските ажурирања.
Имено, Galaxy Club известува дека Samsung развива фирмвер со уникатна класификација на кодови (CSC) за сите свои претстојни смартфони во Европа. Идентификаторот EUX е веќе присутен на 4G верзијата на Samsung Galaxy A52, како и на флексибилните телефони Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3, а тоа ќе биде случај за повеќето уреди на Samsung што ќе бидат претставени во Европа до крајот на оваа година.
Во превод, тоа значи дека Samsung во иднина би можел да започне со испраќање надградби на сите уреди во Европа од самиот почеток, без надградбата да дојде прво на Galaxy S21 серијата, па на Galaxy A72 итн. Ова е многу значаен потег на Samsung, што сигурно ќе привлече повеќе купувачи на Galaxy телефони.
Galaxy Club известува дека сериите Galaxy S22, Galaxy A53, Galaxy A33 и Galaxy A13 ќе бидат објавени со единствен EUX идентификатор, а речиси е сигурно дека Samsung Galaxy A73, Galaxy A43 и другите ќе го имаат истиот идентификатор.
За потсетување, Samsung беше првиот во светот на Android што имплементира три големи надградби на Android и четири години безбедносни ажурирања, додека флегшип уредите имаат дури пет години безбедносни надградби.
Samsung го имплементираше ова уште на презентацијата на Galaxy S20 серијата, во 2020 година, а набрзо потоа сите водечки производители на Android телефони почнаа да ја следат оваа практика. Samsung направи уште еден чекор понапред, на потег се останатите.