Samsung Display објави видео тизер за претстојниот лаптоп со OLED дисплеј, кој ќе има и камера под дисплејот. Уредот се вика Blade Bezel и ќе биде првиот од портфолиото на Samsung што ќе имплементира камера под екранот.

OLED панелот на Blade Bezel се промовира со дебелина од само 1 мм и тежина од 130 грама. Благодарение на дополнителниот простор на екранот, каде не постојат рамки, лаптопот има 93 проценти screen-to-body однос. Конкретните димензии на лаптопот не се познати, но се очекува дека ова ќе биде тенок и преносен ultrabook.

Веќе некое време се појавуваат информации дека Samsung работи на имплементација на камерата под дисплејот на своите телефони, но се чини дека овие решенија сè уште не се оптимални. Поради тоа, јужнокорејската компанија ќе го изврши периодот на тестирање на лаптоп, пред да ја спроведе технологијата на уреди со помал формат.

Според претходните гласини, Galaxy Z Fold 3 би можел да биде првиот телефон на Samsung со камера под дисплејот, а ќе биде објавен подоцна во текот на годината.