Samsung Display потврди дека работи на сопствени лизгачки и свиткувачки дисплеи, слично на она што го навести LG во теко на CES 2021саемот.

Чои Квон-јанг, постар потпретседател на Samsung Display, посочи дека првите дисплеи што можат да се свиткуваат, како и лизгачките дисплеи ќе пристигнат подоцна во текот на оваа година. Се претпоставува дека телефоните на Samsung ќе бидат првите кои ќе ги добијат овие екрани, но тоа не е конкретно потврдено.

Се очекува и дека актуелните flip и fold екрани ќе ги имплементираат новите технологии. Компанијата се потпира на варијабилната стапка на освежување и пониската потрошувачка за да остане пред конкуренцијата, која ќе биде значително поголема во текот на 2021 година.

За жал, не се споменати технологиите што ќе се најдат на годинешните Galaxy Z Flip3 и Galaxy Fold3 модели.