Samsung наводно работи на паметен телефон со двоен механизам за преклопување.
Станува збор за уред кој се состои од три сегменти поврзан со две шарки, а би можел да биде претстави најрано до крајот на оваа година. Смартфонот би бил трета опција во понудата на флексибилни уреди на Samsung и ќе им се придружи на Galaxy Z Fold и Z Flip моделите, чии нови верзии ќе се појават исто така оваа година.
Мобилни телефони со двојно преклопување веќе имаме видено, а еден од нив беше прототипот на Xiaomi, што се преклопуваше во две точки. Меѓутоа, Samsung го усвои малку подапатираниот дизајн на Galaxy Fold за својот нов преклопен уред, а Huawei Mate X2, исто така, користи сличен дизајн како оној на Samsung.
Претстојниот уред би требало да има однос на страници компатибилен со мејнстрим опциите, како што се 16:9 или 18:9, за да се овозможи повеќе игри и други апликации да работат флуидно со подобри резолуции.
Новиот уред би можел да зависи и од недостатокот на чипови, а познато е и дека производството на преклопни уреди е покомлицирано во споредба со производството на стандардните смартфони.