Exynos 1080 беше првиот 5 nm чипсет на Samsung (и еден од првите воопшто), и пристигна во сегментот од средната класа, додека 2100 беше премиум чип. Дојавувачот Ice Universe известува дека Samsung работи на нов нанометарски чип кој ќе биде од понизок сегмент од 1080 и ќе цели на смартфоните од почетно ниво.

Тој чип ќе се вика Exynos 1280. Немаме информации за деталите на процесорот и графичкиот чип, но се очекува да биде чекор подалеку од 1080, кој има четири Cortex-A78 јадра, четири A55 јадра и Mali G78 MP10 графички чип.

Oва може да биде првиот чипсет од 5 nm од влезниот сегмент. Постојат понуди од средна класа како Exynos 1080 и самиот Snapdragon 780G, но засега nema ништо во понудата за поевтини телефони.

Тоа наскоро ќе се промени, бидејќи Samsung ќе го претстави Exynos 1280 на 10. ноември, Ќе биде интересно да се види кој ќе присуствува на лансирањето, а компанијата Vivo е обично љубител на вакви чипови (всушност, се работи за единствениот производител кој користи Exynos 1080).

Инаку, Ice претходно објави дека Samsung ќе претстави три нови чипсети оваа година. Еден од нив, се разбира, ќе биде моќната графичка единица базирана на AMD – Exynos 2200, другиот ќе биде почетниот 1280, што остава отворено место во средниот опсег за трет чип.