Од лансирањето на првиот телефон на преклоп, издржливоста е главна грижа на потенцијалните купувачи. Сепак, Samsung го усоврши дизајнот на три генерации и ги направи Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 значително поиздржливи од своите претходници.

Ако сакате резиме на она што е направено, ова кратко видео од Samsung ги сумира сите надградби. Најголемата надградба е тоа што Z уредите од третата генерација се првите смартфони на преклоп кои се водоотпорни со IPX8 оценка.

Отпорноста на падови на подобрена бидејќи во оваа генерација и двата модела користат Gorilla Glass Victus заедно со новата Armor алуминиумска рамка. Екранот е исто така редизајниран и вклучува ултра тенко стакло и нов заштитен слој, што му овозможува да преживее 200.000 циклуси (тоа е преку 100 циклуси на ден во текот на пет години, иако имајте на ум дека тестовите биле направени на собна температура).

Покрај водата, главоболка би можела да предизвика и прашината која влегува во шарките. Samsung ја подобри технологијата за чистење што ги направи новите флекисбилни уреди подобри во заштитата од прашина. Сепак, некои туѓи предмети можат да влезат во шарките, па затоа внимавајте кога го користите телефонот во правливи или валкани средини