Оваа година видовме неколку нови концепти за преклопни, лизгачки и растегливи екрани, а сега одделот Samsung Display претстави неколку свои решенија.

Концептот S-foldable на Samsung го претставува дизајнот на екранот со двојно преклопување, кој се отвора и има големина од 7,2 инчи. Сличен е на концептот кој го користи смартфонот Galaxy Z Fold 2, но со едно преклопување повеќе.

Тука е и лизгачкиот екран сличен на концептот на растегнување, кој LG го прикажа претходно оваа година, пред во целост да го напушти пазарот на смартфони.

Samsung Display прикажа и два концепта за поголеми панели, вклучувајќи го и 17-инчниот преклопен OLED екран кој има големина на таблет, а откако ќе се расклопи се користи како монитор. Исто така, претставен е и екран за лаптоп со традиционален изглед, кој не се свиткува, ниту се склопува, но под него се наоѓа камера.

Samsung Display e оддел на Samsung кој произведува OLED панели за Samsung и други произведители. Овие екрани во иднина би можеле да станат производи на Samsung, но нема гаранции.

Извор: Klix.ba