Официјалната Weibo страница за Samsung Exynos објваи дека новиот Exynos 1080 чипсет ќе биде официјално претставен на 12. ноември во Шангај.

Претходно овој месец истата страница објави видео, кое го открива Exynos 1080 чипсет со премиум перформанси, а се сугерираше дека ќе биде објавен до крајот на годината.

Најголемата карактеристика на овој чип е што е креиран во 5nm процес, што значајно ќе влијае на карактеристиките, како што се ниската потрошувачка и подобрени перформанси.

Samsung Exynos 1080 чипот користи четири Cortex-A78 јадра и четири Cortex-A55 јадра, заедно со Mali-G78 GPU. Претходно, чипсетот се појавил на AnTuTu бенчмарк, со резултта од преку 690.000 поени.

Покрај тоа, дојавувачот DigitalChatStation претходно истакна дека првиот производител што ќе имплементира Exynos 1080 чипсет, ќе биде Vivo.