Samsung Galaxy A 2022 серијата ќе има стандардна палета од четири бои: црна, бела, светлосина и портокалова. Galaxy A33 5G исто така ќе доаѓа во овие бои, како и Galaxy A53 и почетниот Galaxy A13.
Оваа информација пристигнува од Galaxy Club, кој известува дека овие бои ќе се видат и на 4G и 5G верзиите на телефонот – SM-A135F и SM-A136B. Ова ќе биде првиот влез на 5G во во A10 серијата.
Samsung Galaxy A13 5G (SM-A136B) се појави претходно со камера од 50 MP (најверојатно базирана на JN1) и батерија од 5.000 mAh. Само за споредба, моделите A12 имаат камери од 48 MP и ист капацитет на батеријата (со полнење од 15 V). Имајте на ум дека овие спецификации најверојатно ќе важат и за 4G и 5G моделите.
Ексклузивно за 5G верзијата ќе биде Dimensity 700 чипсетот, кој е забележан на листата на Geekbench. Не е јасно кој чипсет ќе се користи во 4G верзијата.
Galaxy A13 Duo би можел да биде претставен на почетокот на следната година или дури и пред да заврши 2021 година, со 5G модел чија цена е под 200 евра (А12 започнува од 170 евра).