Samsung Galaxy F22 беше предмет на информациите и гласините во текот на претходните неколку месеци, а официјално ќе биде претставен на 6. јули.
Оваа потврда пристигнува од дивизијата на Samsung од Индија, а компанијата објави промотивна страница која ги открива дизајнот и спецификациите на смартфонот.
Samsung Galaxy F22 користи 6.4-инчен 90Hz Super AMOLED екран со HD+ резолуција. На задната страна се наоѓаат четири камери со главен сензор од 48MP, а уредот го напојува 6000mAh батерија.
Телефонот ќе биде достапен во црна боја, а се очекува дека ќе постојат и други варијанти. Иако Samsung не го потврди остатокот од спецификациите за Galaxy F22, се очекува дека ова ќе биде ребрендиран Galaxy A22. Поради тоа, се очекува и Helio G80 чип, сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката и поддршка за 15W полнење.
Во засекот во екранот ќе се најде 13MP селфи камера, додека на задната страна, покрај 48MP главна камера, ќе биде и 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.