Еден од претставниците на Galaxy M серијата смартфони на Samsung пристигнува и на европскиот пазар. Се работи за Gaalxy M11 моделот, што уште пролетта беше претставен во Индија, а сега се појави во официјална продажба во Холандија.

Со прегледот на неговите функции видливо е дека се работи за entry-level уред. Овој мобилен телефон доаша со 6,4-инчен HD+ Infinity-O LCD екран, Qualcomm Snapdragon 450 чип и батерија чиј капацитет изнесува 5000 mAh (полнењето се одвива преку USB Type-C приклучок на 15 W).

Од задната страна се наоѓа пластична позадина со сензор за отпечатоци од прсти и тројна камера (13-мегапикселна главна камера со отвор на бленда f/1.8, 5-мегапикселна ултраширока камера со отвор на бленда f/2.2 и 2-мегапикселна камера која на фотографиите им дава длабочина). Од предната страна се наоѓа 8-мегапикселна селфи камера.

Galaxy M11 доаѓа со 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија, а содржи OneUI Core 2.1 интерфејс, што се базира на Android 11 системот. За крај, ја оставаме веројатно најголемата предност на овој уред – неговата цена, во продажба ќе пристигне со цена од 159 евра (во сина и црна боја).