Во текот на ноември минатата година се појавија неколку сертификациски листинзи за претстојниот Galaxy M42 смартфон на Samsung. Тогаш беше потврдено дека телефонот ќе има батерија од 6000mAh. Сега истиот уред, со ознака на моделот SM-M426B/DS, се појави на Wi-Fi Alliance листингот.

Верзијата на моделот е посебно важна во овој случај, бидејќи претходните интернационални верзии на 5G уредите на Samsung имаа B/DS ознака, што сугерира дека Galaxy M42 исто така ќе биде телефон со 5G конекција. Ова ќе биде и првиот 5G модел во рамките на Galaxy M серијата теелфони.

Листингот не открива други детали за уредот, освен информацијата дека Galaxy M42 ќе има dual-mode Wi-Fi  конекција. Исто така, имаме потврда дека уредот ќе користи Android 11 од самиот старт.