Компанијата Samsung го подготвува наследникот на моделот Galaxy S20 FE, а сега се појавија и некои детали.
Познатиот типстер на Twitter, ОnLeaks ги објави рендерите за Galaxy S21 FE и тврди дека овој модел ќе биде сличен на стандардниот Galaxy S21 модел, но ќе има куќиште направено од пластика коe изгледа како стакло.
За разлика од Galaxy S20 FE, неговиот наследник ќе има 6,4-инчен екран и три камери.
Засега не се познати спецификаците, но се очекува моќен процесор и екран со стапка на освежување од 120Hz, што беше стандард за S20. Нема да биде изненадување ни доколку S21 FE работи на Qualcomm Snapdragon 888 процесор, но уредот секако ќе биде инфериорен во останатите аспекти.
Samsung не го претстави S20 FE се до септември минатата година, па не се очекува наскоро да го видиме S21 FE, дури и ако јужнокорејската компанија побрза.
Извор: Klix.ba