Доколку е време за нов телефон, дефинитивно must have за секоја модерна, софистицирана и урбана личност е Galaxy S22 Ultra.

Живееме во еден ултра модерен, урбан и брз свет каде сèшто посакуваме е некој или нешто, кој барем за момент може да ни го олесни секојдневието. Што е она што прво го правите наутро кога ќе отворите очи? Се разбира, го земате телефонот во рака почнувате да ги впивате информациите. Следно е шолја кафе секако, но повторно најдобриот пријател е со вас. Зошто велиме најдобар пријател? Сите најубави моменти се зачувани во неговата галерија, сите долги повици со најблиските се овозможени токму преку него. А долгите досадни летови? Полесно се преживуваат кога гледаме филм на паметниот телефон. Имајќи ја предвид неопходноста и постојаната инволвираност во нашето секојдневие, несомнено го заслужувате најдоброто. Токму затоа, Samsung инспирирани од безвременската елеганција и софистицираност, исклучиво за оние со истенчен вкус и неприкосновена пребирливост го создаваат најдоброто.Galaxy S22 Ultra. Со Galaxy S22 Ultra, сега го добиватенајдоброто од Samsung – перформанс, камера, дисплеј, батерија, софтвер – целосно доживување пренесено на едно досега недостижно ниво во индустријата. Додавањето на S Pen во серијата Galaxy S е само природна прогресија која го надополнува целосното искуство.

Најдоброто од најдобрите

Младите ентузијасти жедни за авантура веќе го имаат одбрано својот нов омилен телефон. Galaxy S22 Ultra го прави секој незаборавен момент вреден за паметење. Она по што се издвојува од останатите е неговата симбиоза на најдобрите функции на двете познати серии смартфони – сериите Note и S, каде што презема незаменлива моќ од првата, а камерата и перформансите на професионално ниво од втората серија. Несомнено, заслужно го носи приматот на поставување  нов стандард за премиум паметните телефони. Овој телефон е толку совршен што поставува прашање „Може ли да биде воопшто надминат?“

Перформанси на кои може да се завиди

Покрај тоа што е опремен со најновиот процесор од 4 nm за најнапредна обработка на податоци со помош на вештачка интелигенција и механичко учење, тој има и Wi-Fi 6E, кој е дури двапати побрз од Wi-Fi 6, со што ви овозможува можност да зачекорите во светот на технологијата која нуди феноменално и сосема ново корисничко искуство. Овој телефон може да се пофали и со 6,8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран, кој обезбедува сеопфатно искуство и ги прикажува дури и најмалите детали појасни од кога било со максимална осветленост од 1750 nits. За да бидете сигурни дека имате совршен приказ на екранот на вашиот телефон во секое време, Samsung се погрижи овој телефон да има и Vision Booster технологија, која му овозможува на екранот интелигентно да го приспособува осветлувањето во текот на денот.

Со што може да се пофали?

AMOLED екранот на Galaxy S22 Ultra не само што е посветол од конкуренцијата, што го прави идеален за гледање на отворено, туку обезбедува подобра заситеност на боите.

S Pen спакуван во внатрешна футрола – За прв пат, Galaxy S22 Ultra S Pen пенкалото совршено се вклопува во S серијата. Исфрли го од дното на екранот за да пишуваш, скицираш или да го контролираш телефонот. Подобреното доцнење во Samsung Notes прави секое движење на пенкалото да биде природно како мастило на хартија — а сите набрзина напишани идеи може да ги претворите во читлив текст. Да, сега ниту една идеја нема да одлета!

Камера за професионалци – Спомените најдобро се евоцираат кога ги гледаме на фотографија. Сега имате можност секоја секунда да ја претворите во вечност. И бидете сигурни дека ниту еден момент нема да остане незаборавен. Galaxy S22 Ultra е одлична замена за професионален фотоапарат бидејќи има камера со неверојатни перформанси што ќе произведе импресивни фотографии. Да, немора да носите масивен фотоапарат со вас! Сега со напредните функции за ноќно фотографирање и снимање на овој телефон ви даваат можност да правите јасни видеа и фотографии и со предната и со задната камера, без разлика дали снимате во текот на денот или ноќта, додека надградените Super Clear Glass леќи ќе ви помогнат да направите поубави и појасни ноќните видеа без отсјај. S22 Ultra има и пиксел сензор од 2,4um – најголемиот сензор за пиксели на Samsung досега, што им овозможува на леќите на камерата да снимаат повеќе светлина и објекти, како и да ја оптимизираат осветленоста и деталите на вашите видеа. Сензорот од 108 MP овозможува да сниматејасно дење и ноќе. Пред да ја активирате блендата, Adaptive Pixel се менува помеѓу режимот со висока резолуција од 108 MP и режимот со висока чувствителност од 12 MP зад сцената за да овозможи посветли и појасни фотографии, се здружува со интелигентниот Detail Enhancer за да ги приспособи сенките и светлата за длабочина. За оние кои сакаат да експериментираат, овој телефон нуди и ексклузивен пристап до апликацијата Expert RAW, која содржи сеопфатен сет на алатки за уредување во камерата, така што секоја фотографија ќе изгледа професионално.Можеби е време да ја вратиме модата на развивање фотографии? Несомено со Galaxy S22 Ultra ќе имате со што да се пофалите!

Елегантен и издржлив дизајн – Galaxy S22 Ultra е заштитен со оклопна алуминиумска рамка и Gorilla Glass Victus+ на задна страна, а сепак е лесен и пријатен во рака. Samsung Galaxy S22 Ultra е едноставен, но во исто време зачудувачки. Острите, квадратни агли, пленат со строгост и елеганција. Целокупниот изглед е минималистички и елегантен. Друг плус: 6,8-инчниот дисплеј е нежно заоблен, така што додава одредена естетска привлечност без да доведе до случајно притискање на екранот. S22 Ultra доаѓа во четири бои – биди трендсетер и искористи ги смелите темноцрвени или зелени тонови. Или истакни се со суптилноста на фантомската бела или можеби фантомската црна боја. Овие софистицирани и безвременски бои го истакнуваат елегантниот дизајн и се вклопуваат во сечиј стил.

Никогаш со празна батерија

Подобрената AI ја пренесува моќноста од 5000 mAh (типична) од еден ден во друг, интелигентно приспособувајќи се на начинот на кој го користите телефонот. Или со други зборови – заштедува батерија за кога ќе ти биде најпотребна, за батерија што трае повеќе часови отколку што има во еден ден. Супер, нема потреба од носење надворешни батерии или барање штекери по шанкови! Што велите за Безжичен PowerShare? Со сета моќност на батеријата, можеш и многу да споделиш. Наполни ја батеријата на својот пријател или безжично наполни ги слушалките кога си во движење. Неверојатно зар не?

Повеќе информации за овој уред можете да најдете на: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/