Samsung Galaxy S22 Ultra е најновиот телефон кој се најде на Geekbench во своето Exynos 2200 издание со 8GB RAM. И додека треба да се воздржиме од сериозно прифаќање на резултатите пред официјалната објава, за почеток да забележиме дека Exynos 2200 е на исто ниво со Tensor и Snapdragon 888 чипсетите и е полош од A15 во iPhone 13 серијата.
Уредот кој се најде на бенчмарк го има бројот на модел SM-S908B, што многу веројатно е Galaxy S22 Ultra. Веќе видовме слични бројки со SM-S906B, веројатно Galaxy S22+, кој исто така работи со Exynos 2200. И двата уреда ги отфрлаат гласините дека сите Galaxy S22 уреди ќе имаат Snapdragon 898 наместо Exynos.
Samsung Galaxy S22 серијата се очекува да пристигне на 8. февруари во три варијанти – S22 со 6,06-инчен FHD+ екран, S22+ со 6,55-инчен FHD+ екран и S22 Ultra со 6,81-инчен XHD+ дисплеј. Што се однесува до камерата, Galaxy S22 и S22+ ќе имаат нова главна камера од 50 MP и 3x зум од 10MP и селфи од 10MP. S22 Ultra ќе има нова главна камера од 108 MP, ултра широка од 12 мегапиксели и 40 мегапикселна предна камера од Galaxy S21, како и два сензора од 10 мегапиксели за 3x и 10x.