Samsung во рамките на Galaxy Tab S7 серијата претстави вкупно три Android таблет уреди, а врз основа на гласините, во 2022 година се очекуваат и три наследника на овие уреди.

Сега дојавувачите OnLeaks и Zouton US ни нудат увид во изгледот на најмалиот модел во оваа линија, а тоа е 11-инчниот Galaxy Tab S8 во сребрена варијанта.

Galaxy Tab S8 изгледа многу слично на својот претходник, со изедначени рамки на предната страна околу 11-инчниот 120Hz LCD-екран, додека задната страна и бочните делови се рамни. Видлива е магнетна лента за полнење на S Pen паметното пенкало, а тука се и камерите од 13MP и 5MP.

Физички скенер за отпечатоци е интегриран во копчето за вклучување, додека големите промени треба да се случат под хаубата каде се очекува да се најде Snapdragon 888 или можеби дури и неговиот наследник SD 899, околу што се уште нема консензус. Се очекува Samsung да ја претстави Galaxy Tab S8 серијата во текот на јануари или февруари следната година, а очекуваната почетна цена за 11-инчниот модел ќе изнесува околу 840 долари.