Неодамнешниот извештај на сајтот SamMobile сугерираше дека претстојните паметни часовници на Samsung – Galaxy Watch4 и Watch4 Classic ќе го користат новиот Exynos W920 чипсет. Сега истиот извор тврди дека часовниците ќе пристигнат и со двојно повеќе простор за складирање.
Galaxy Watch3 серијата имаше 8GB интерна меморија, што значи дека Watch4 би требало да има 16GB. Причина за оваа промена е преминот на Google Wear OS платформата. Тоа ќе овозможи користење на Google Play Store за апликациите за носечки уреди.
Во текот на објавата на Samsung на новиот One UI софтвер, заснован на Wear OS, истакната е функцијата која овозможува смартфој апликациите на корисникот да се појавуваат и на Galaxy Watch4 уредот, додека се користат Wear OS верзиите. Поради тоа и надградбата на просторот за складирање дополнително ќе добие на значење.