Samsung во јули го претстави Galaxy Z Flip со 5G поддршка, кој пристигна со помали хардверски измени во однос на оригиналниот модел. Сега се појавија првите информации за Galaxy Z Flip 2 верзијата, за која се верува дека ќе пристигне со стерео звучници.

Ова ќе биде значително подобрување во однос на претходните два Flip модела, кои имаа еден звучник. Останатите предвидувања за Z Fold 2 вклучуваат имплементирање на поголем и покорисен 1,1-инчен надворешен дисплеј, систем со три камери и екран со поддршка за 120Hz стапка на освежување.

Аналитичарот Рос Јанг тврди дека објавата на Galaxy Z Flip 2 моделот ќе биде поместена за летото следната година, и дека телефонот нема да биде претставен заедно со S21 серијата на почетокот на годината.